Услови за користење
Добредојдовте на Eyebox.mk
Добројдовте на официјалната веб страна на еуебох каде овозможуваме интерактивна онлајн услуга.
Со внесување на Вашата е-маил адреса
Вие се согласувате со Условите на користење - дефинирани подолу.
Ве молиме прочитајте ги внимателно.
Условите на употреба се организирани на следниот начин:
- Употребување на сајтот
- Пристап до сајтот
- Измена на услови за користење
- Кодекс на однесување на крајниот корисник
- Вашата Приватност
- Авторски права и трговска марка
- Електронска комуникација
Употребување на сајтот
Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:
- Имате најмалку 18 години;
- Не ви е законски забрането да користите одредени услуги и производи;
- Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers;
- Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на употреба;
- Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда;
- Ќе вршите купувања само за Ваша лична потреба или за подароци за пријатели;
- Ќе оставате точни податоци за Вас во кое било место на сајтот каде оставате податоци;
- Ќе ги променувате податоците за Вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време;
- Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзиното доверливо чување.
Пристап до сајтот
Eyebox го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Eyebox, и Eyebox не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Eyebox е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Eyebox, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
Eyebox има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.
Измена на Условите на користење
Eyebox го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако Eyebox прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на е-mail на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.
Кодекс на однесување на крајниот корисник
Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.
Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба:
- Поставување било каква содржина која ги крши применливите закони (вклучувајќи закони за интелектуална сопственост, заштита на лични податоци, и клевета);
- Содржи лични податоци, освен ако Eyebox јасно не побара од вас такви информации;
- Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;
- Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;
- Има ефект на наметнување на другите;
- Содржи пораки од неовластени лица од Eyebox, кои наводно зборуваат во име на Eyebox или даваат доверливи информации;
- Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил кои не се овластени за пристап;
- Скенирање или следење на сајтот за собирање на податоци за продажбата, користењето, агрегирани податоци за понудите, цени или слични информации;
- Употребување на сајтот за комерцијални, политички или верски цели без наша писмена дозвола;
- Дејствување незаконски или злонамерно против интересите или угледот на Eyebox.
Вашата приватност
Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за правилата под кои Eyebox може да собере, користи и споделува Ваши лични податоци.
Авторски права и трговска марка
Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт е во ексклузивна сопственост на Eyebox. Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, постирање, поставување линкови, модифицирање или на друг начин користење на содржината без писмена дозвола од Eyebox е строго забрането.
Електронска комуникација
Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до Eyebox, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот.